
Познатата српска актерка, манекенка и водителка, една од најубавите жени од Балканот, Нина Сеничар, и оваа година присуствуваше и блесна на најголемата холивудска забава по доделувањето на Оскарите, забавата на „Венити фер“, која традиционално се одржува откако ќе бидат наградени најдобрите филмови и актери во светот.
Нина како и секоја година, повторно и оваа, заедно со сопругот ги воодушеви сите присутни со својата елеганција и стајлинг, што само го потврдува нејзиниот статус на една од најубавите Србинки на светската сцена.
Нина блеснала на црвениот тепих во тоалета која ја истакнала нејзината беспрекорна фигура, во елегантен темноцрвен фустан. Фустанот одлично ја следел нејзината фигура, а посебно внимание привлекол длабокиот шлиц кој ги истакнал нејзините совршено обликувани нозе. Деколтето и прерамките налик на цветни ливчиња ѝ дале на креацијата дополнителна доза на романтизам и гламур, создавајќи совршен баланс помеѓу софистицираноста и модерниот дизајн.
Нина на гламурозниот настан дошла со сопругот Џеј Елис, познат холивудски актер. Парот, кој имаше прекрасна венчавка во Тоскана, Италија, во 2022 година, изгледа како совршен спој на стил и љубов, а синоќа воодушевиле со изгледот.