Skip to main content
Балкан

Вучиќ призна пораз: Студентската листа победи на изборите во Србија

25/10/2026  21:40

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, вечерва призна пораз на вонредните парламентарни избори и рече дека победила Студентската листа.

,,Студентската листа ќе има 135 а ние 105 или 106 пратеници” изјави Вучиќ во централниот штаб.

Признанието дојде по изборен ден со висока излезност и извештаи за неправилности и насилни инциденти. Според проценката на Ипсос и ЦеСИД, до 19 часот гласале 67,6 отсто од избирачите.

Студентската листа произлезе од протестното движење што се разви по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 луѓе. Барањата за одговорност за трагедијата прераснаа во поширока борба против корупцијата и за промена на власта.

Пред изјавата на Вучиќ, кандидатот на Студентската листа, поранешниот кошаркар Дејан Бодирога, ги повика граѓаните да останат во своите места, да бидат покрај изборните контролори и мирно да помогнат во зачувувањето на секој глас. Тој нагласи дека изборниот процес продолжува со пребројувањето, составувањето записници и предавањето на изборниот материјал.

Во првата информација за признанието на поразот не беа наведени конечни проценти или распределба на пратеничките мандати. Официјалниот состав на новото Собрание ќе биде познат по утврдувањето на изборните резултати.