Skip to main content
Скопје

Д-р Беќаровски: Потпорниот ѕид над Клиника се руши, ако нема надлежен да го викнеме Александар Вучиќ да го среди

25/02/2025  16:36

Докторот Беќаровски Нико со реакција за улицата на Клиниките, која неодамна се сруши.

„На 10 јуни 2024 година се сруши дел од потпорниот ѕид на ул. Белградска над комплексот на Клиниките.

Секој ден стотици коли преку оваа улица влегуваат и излегуваат од Клиниките и се сведоци дека улицата полека но сигурно се распаѓа и прашање на ден е кога следниот поголем пороен дожд комплетно ќе го сруши преостанатиот асфалт.

И по 300 дена се уште не знаеме кој е надлежен и чија обврска е реконструкцијата на оваа улица.

Ако нема надлежен во градов и државава, да го викнеме господинот Александар Вучић, можеби поради името на улицата ќе се смилува да ја реконструира, ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“, објави тој.