Skip to main content
Хроника

Стружанец го штелувал броилото за струја во неговиот угостителски објект

13/02/2025  16:29

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Р. сопственик на угостителски објект од Струга поради кражба на електрична енергија.

„На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари“, се вели во соопштението на МВР.