![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/11/policija-4.jpg)
Во 10:50 часот во ОВР – Кавадарци, од болницата било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од овој град. По преземени мерки било утврдено дека малолетникот се здобил со повредите во средно општинско училиште во Кавадарци, при физичка пресметка со друг малолетник од село Корешница, демиркаписко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
„Синоќа во 20:30 и 23:10 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчанецот З.Ч. и еден малолетник. На улица Тиквешко востание, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продава зелена растителна материја, што подоцна била пронајдена кај малолетникот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафена цврста материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка“, појаснија од СВР – Велес.
Од полицијата известуваат дека со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Уште еден настан регистирал СВР- Велес откако кај нив било пријавено дека во 16:00 часот во село Пепелиште, неготинско, настанал пожар во имот засаден со дрва, сопственост на В.З. од ова село.
„Од екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од СВР – Велес.