Skip to main content
Хроника

Се запалиле подруми од зграда во Аеродром, едно лице во болница

12/02/2025  17:11

Денеска (12.02.2025) во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош.

Извршен бил увид.