Skip to main content
Хроника

Тетовчанец изнајмил возило па не го вратил – доби кривична пријава

12/02/2025  17:01

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

– На 13.10.2024, пријавениот склучил договор со „рент а кар“ компанија за изнајмување на патничко возило, но по истекување на рокот тој не го вратил возилото, информираа од полицијата.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.