Skip to main content
Балкан

Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“

07/02/2025  11:42

Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.

„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.

Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.

Истото невладино здружение минатиот петок организираше бојкот на продавниците во Црна Гора, кога според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.

Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одзваа на повикот за бојкот на големите продавници, додека одзивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.