Skip to main content
Магазин

Познатата кантри пејачка ќе настапи на инаугурацијата на Доналд Трамп

14/01/2025  09:09

Суперѕвездата на катри музиката Кери Андервуд ќе ја изведе песната America the Beautiful на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, според програмата што ја сподели портпаролот на инаугуративната комисија.

„Ја сакам нашата земја и чест ми е што сум поканета да пеам на инаугурацијата и што сум мал дел од тој историски настан“, рече Андервуд, која во голема мера се држеше надвор од политиката во текот на нејзината кариера.

„Понизна сум што можам да одговорам на повикот во време кога сите треба да се собереме во духот на единство и да гледаме кон иднината“, додаде таа.

Суперѕвездата, добитничка на Греми награди, победи на натпреварувачкото шоу за пеење Американски идол во 2005 година.