Skip to main content
Скопје

Скопје повторно се најде на прво место во Европа по загаденост

08/01/2025  09:48

Скопје се најде на седмо место на листата најзагадени градови во светот а прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir.

По општини, најзагадено утрово е во Центар со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода.

Мерењата покажуваат дека ПМ2,5 честичките утрово се застапени во воздухот со 85 микрограми на метар кубен, што, пак, е повеќе од 17 пати над дозволената горна граница која е утврдена од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Високо е нивото и на ПМ10 честичките, а мерењата утрово покажуваат присуство на 131,4 микрограми на метар кубен.