Skip to main content
Спорт

ФИФА ја објави најновата ранг листа, Македонија „скока“ три позиции

24/10/2024  12:22

Македонската фудбалска репрезентација конечно напредуваше на ранг листата на ФИФА. По октомврискиот циклус во Лигата на нации, Македонија напредуваше за три позиции.

Македонија во октомври забележа две победи ви Лигата на нации против Летонија и Ерменија. По четири кола ја предводи својата група во Ц-дивизијата и во наредното коло само ќе треба да го потврди пласманот во Б-дивизијата во Лигата на нации.

Победите над Летонија и Ерменија и донесоа на Македонија „скок“ од 72. на 69.место на ФИФА листата.

Кога станува збор за врвот на листата, во Топ 10, промени има од седмото до десеттото место каде позициите ги заменија Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.

ФИФА листа, Топ 10:

1. (1.) Аргентина
2. (2.) Франција
3. (3.) Шпанија
4. (4.) Англија
5. (5.) Бразил
6. (6.) Белгија
7. (8.) Португалија
8. (7.) Холандија
9. (10.) Италија
10. (9.) Колумбија