Search

Мартин Димов нов ракометар на Бутел

Десното крило Мартин Димов е нов ракометар на Бутел Скопје. Тој потпиша договор на две години со клубот и ќе биде дел од екипата што ќе игра во Суперлигата и во ЕХФ Купот.

Димов потекнува од составот на Борец Велес, беше дел од екипата на Вардар Јуниор, а настапи на неколку средби и за првиот тим на Вардар во регионалната СЕХА лига.

– Ова е нов предизвик за мене во кариерата. Екипата на Бутел Скопје е многу амбициозна, составена од искусни играчи, во комбинација со нас помладите кои треба да ги поддржиме и да го искористиме нивното искуство за да научиме колку што е можно повеќе. Моите амбиции се совпаднаа со оние на клубот, па лесно се договоривме за соработка. Во домашното првенство очекувам пласман во плеј-офот, иако нема да биде лесно и секако најмалку да го повториме успехот од минатата сезона. Се надевам дека и во Купот на ЕХФ ќе стигнеме што подалеку и дека ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло, вели Димов.

Треба да знаете
Последни објави