Skip to main content
Македонија

Патарините профитабилни годинава, инкасирани 64 милиони евра

31/12/2024  13:06

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информираше дека од јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра. Според нив учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти.

Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари.

Нашиот план е амбициозен во смисла на подигнување на процентот на електронска наплата и зголемување на протокот на возила на наплатните станици и можеби е сѐ уште рано да говорам, но за почеток правиме напори М-смарт картичките да бидат подостапни на возачите, односно да можат да ги набават и поблиску до своето место на живеење, не како што е во моментов само на наплатните станици и кај нас во ЈПДП. Но, за тоа ќе говориме поконкретно кога ќе видиме дека има можности за реализација на оваа идеја“, вели Трајановски.