Околу 10% од возрасните имаат проблем со зуење во ушите, покажуваат најновите истражувања. Овој феномен е почест кај мажите и повозрасните лица.
Тинитус, или зуење во увото, претставува слушање на звук без надворешен стимул. Причините можат да бидат многубројни – од промени во крвните садови на главата и вратот, грчење на мускулите во средното уво, до повреди на главата или заразни болести.
Зуењето често се јавува кај луѓе со висок крвен притисок или слаба циркулација. Во такви случаи, се препорачува да се избегнуваат кофеин, алкохол, цигари и прекумерно внесување сол.
Интересно е што понекогаш тинитусот може да биде резултат на наталожен восок, кој го иритира тапанчето. Доколку зуењето е често и нарушува вашето секојдневие, посетете лекар за детална проверка на здравјето.