Skip to main content
Хроника

Измамена скопјанка за 45 илјади денари: се претставил дека е полицаец и ѝ кажал дека ќерка и направила сообраќајка со смртни последици

26/12/2024  17:35

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат.

Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.