Skip to main content
Свет

Затворени аеродроми во Москва: Аларм во Русија, никој не знае што се случува

26/12/2024  16:06

Руската служба за управување со аеродромите соопшти дека сите четири аеродроми во Москва, како и оној во градот Калуга, на 160 километри од главниот град, се привремено затворени. Причините за затворањето не се објавени.

„Кабинските екипи, операторите на летање и аеродромските служби ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на летовите“, се наведува во соопштението од Росавијација.