Skip to main content
Македонија

(Видео) Заглавени граѓани на патот кон Патишка река

25/12/2024  18:44

Снегот што паѓа последните денови го отежна движењето во сообраќајот на многу патипта.

Утрово, а особено вечерва непрооден е патот кон падините на Водно особено кон населеното место Патишка река.

Граѓани за 24инфо велат дека со часови се заглавени во своите автомобили.

Додаваат и дека од општина Сопиште патот се чисти но поради обилните врнежи истиот брзо се затрупува.