Skip to main content
Хроника

Возач удрил полициски службеник при обид за бегство

25/12/2024  16:28

На 24.12.2024, во 23.50 часот, на локалниот пат во близина на с.Идризово, скопско, полициски службеници од МЕБПС го лишиле од слобода Д.П. (48) од с.Мралино, скопско. Причината за приведувањето била што, при вршење на редовна контрола, му било дадено знак да застане со возилото кое го управувал, но тој не се застанал и продолжил со движење. Во текот на бегството, тој удрил еден од полициските службеници, по што продолжил со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.