Skip to main content
Свет

Руски медиуми: Авионот не можеше да слета во Грозни поради украинскиот напад

25/12/2024  11:21

Руските медиуми тврдат дека авионот не можел да слета во рускиот град Грозни поради напад на украински дрон. Пилотот го пренасочил летот кон градот Махачкала, административниот центар на соседниот регион Дагестан, но, според руските медиуми, маглата го спречила да слета таму, пренесува Анадолија.

Конечно, тој побарал дозвола да слета во Актау во Казахстан. Несреќата се случила на неколку километри од аеродромот во Актау.