Skip to main content
Македонија

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

24/12/2024  18:45

Намалена видливост поради магла до 30 метри има од село Лисец до Попова Шапка, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираа од ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Дежурните екипи, се наведува во соопштението од ЈП Македонијапат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.