Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за фалсификување исправа во Кичево

24/12/2024  18:35

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С.(59) од кичевското село Црвевци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Тој, на 19.11.2024 на патничко возило фолксваген туран, кое не било царинето, извршил замена на регистарските таблички од друго моторно возило за да да го управува и користи во сообраќајот.