Skip to main content
Македонија

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

24/12/2024  15:30

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.

Трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.