Skip to main content
Македонија

Министерствата за животна средина и за енергетика ќе објават детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот

23/12/2024  07:54

Министерството за животна средина и просторно планорање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на заеднички настан во Владата ќе соопштат детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот.

-Станува збор за иницијатива која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија кои се енергетски ефикасни и достапни за сите граѓани, стои во соопштението на Министерството за животна средина.

Овој настан, додаваат оттаму, ја потврдува посветеност на двете министерства за спроведување на иновативни проекти кои ќе придонесат за одржлива и зелена мобилност во Скопје.