Skip to main content
Македонија

(Видео) Подкаст ЗРАК: Секоја борба со канцерот е индивидуална и различа

22/12/2024  21:44

Во најновата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Марина, гости беа три онколошки пациентки кои се дел од здружението „Љубов сме“. 

Наташа, членка на здружението во подкастот сведочеше како таа минала низ борбата со канцерот на дојка.

„Ќерка ми имаше осум месеци, јас се спремав да се вратам на работа, кога ми беше дијагностициран ракот и она што е мит е дека ракот не боли. За да појдам на контрола, мене една вечер ме разбуди болка во градата која во 5 часот утрото буквално ме крена од кревет. Значи не треба да се спие на тоа уво дека не е страшно ако има болка или ако нема болка. Секоја приказна е лична и е различна“ рече таа додавајќи дека е задоволна од третманот што го добивала на Клиниката за онкологија. 

Наташа смета дека на канцерот се уште се гледа како на сигурно смртоносна болест и упати порака до сите жени да бидат храбри и истрајни во борбата против канцерот

„Кај нас се смета дека само поп лекува рак а тоа не е така и јас сум доказ за тоа и сите ние сме доказ за тоа“ посочи таа.