СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид” и „загрозување на сигурноста”.
На 13.11.2024 во спортска обложувалница во Охрид, пријавениот со закани кон вработениот, се обидел да одземе пари, а откако не успеал, оштетил дел од инвентарот.