Skip to main content
Македонија

СДСМ во маркетите: Кошничката нема ефект, јајцата, зејтинот, јогурот, кашкавалот, со повисоки цени

22/12/2024  11:33

Интегрален текст од прес-конференција на Лолита Ристова, членка ИО на СДСМ

Зголемените трошоци за живот стануваат неподнослив предизвик за сè поголем број семејства. Основните прехранбени производи, наместо да бидат достапни за сите, сега стануваат луксуз.

И власта на Мицкоски, наместо нешто да преземе, да се справи со овој сериозен проблем и да го поддржи стандардот на граѓаните, направи измама со така наречената новогодишна кошничкка.

Го видовме истото сценарио – трговците прво ги покачија цените, а потоа мерките стапија во сила. 

Реалноста во маркетите и продавниците којашто граѓаните ја гледаат секој ден е дека цените не само што останаа високи, туку кај некои производи и дополнително се зголемија.

СДСМ ги помина маркетите во текот на вчерашниот ден, и рве што покажува реалноста:

o Цената на зејтинот сега е 97 денари, а на 1 октомври се продаваше за 83 денари. Значи имаме зголемување а не намалување.

o Јајцата кои се продаваа од 75 до 85 денари сега се над 100 денари. Од 107 до 140 денари. Исто така покачување на цените.

o Кај мешаното сирење нема промени и цените се движи околу 450 денари – непроменето.

o Кашкавалот е поскапен и сега е над 600 денари за килограм. 

o Јогуртот со 3,2% масленост, во некои маркети достигна и над 72 денари, исто така зголемена цена.

o Намалувањето кај кравјото сирење е минимално – само 5 денари, и сега е 398 денари за килограм.

Ова е реалноста, ова се фактите кои јасно ја покажуваат измамама која со кошничката им ја приреди власта на граѓаните.

Тоа народот го гледа секој ден. 

Граѓаните заслужуваат решенија, а не лажни ветувања и манипулации. СДСМ веќе понуди конкретен предлог – укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Со оваа мерка, цените ќе се намалат реално, без простор за манипулации од трговците.

Едно семејство би заштедило 2.000 денари месечно, или 24.000 денари годишно.

Тоа што власта не ја прифати оваа мерка покажува дека Мицкоски им удоволи на трговците и дозволи тие да се богатат на грбот на граѓаните.