Skip to main content
Македонија

Уверение за државјанство од следната година ќе може да се вади електронски

20/12/2024  21:51

„Уверение за државјанство од догодина ќе може да се вади електронски. Владата ја става дигитализацијата високо на агендата“, се истакнува во владиното соопштение.

Според напишаното, Министерката Кочоска потпиша договор за заем од 500 милиони евра од Унгарија по поволни услови, по Нова Година се враќа еврообврзницата која е далеку поскапа. Владата штеди.

„Расте бројот на производи со намалени цени, по мерката на Владата за новогодишна кошничка.

ХЕЦ Чебрен е столб за енергетска независност на Македонија, формирана експертска група при Министерството за енергетика да изнајде најдобро решение за негова изградба.

Македонија од ден во ден се трансформира“, посочуваат владините служби.