Skip to main content
Македонија

Палевски тврди дека ги нема сите докази предложени во листата на докази

20/12/2024  11:02

Денеска во Кривичниот суд во Скопје се одвив новото рочиште за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Денеска пред судот ќе се изведуваат материјални докази.

Палевски тврди дека ги нема сите докази предложени во листата на докази, еден од неговите бранители, Марјан Витанов тврди дека тој ги добил сите докази од Обвинителството, а доколку има некој кој недостасува со истиот ќе се запознаат во текот на постапката.

– Имајќи го предвид поднесокот, сите докази кои ги бара обвинетиот јас ги имам на USB, што побарав од судот, добив, доколку обвинетиот тврди дека некој доказ недостасува сметам дека во фаза на доказна постапка ќе имаме можност да се запознаеме со нив.

За секој исказ на секој сведок направив забелешка. Палевски бара од судот вештачење на неговиот телефон, конкретно комуникација на Телеграм. Минатиот петок го добив тоа, има 10.000 скриншотови на телефони, не се хронолошки подредени, сметам дека овој доказ го имам и обвинетиот ќе го има веднаш штом го обработам.