Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Факт е дека ние имаме застој во евроинтеграцискиот процес. За СДСМ тоа не е неочекувано. Но јавноста го очекува планот на Владата, како ќе се смени преговарачката рамка и како ќе ги продолжиме европските интеграции, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.

-Ние го очекуваме планот на власта. Како ќе се смени преговарачката рамка? Како ќе обезбеди подобра позиција. Јас го кажувам тоа што го соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Ветија дека ќе обезбедат поповолна преговарачка рамка. Сега е моментот што ќе понуди Владата. Спремни сме да разговараме но да го видиме планот, рече Спасовски.

Изборниот процес покажа дека аргументите кои ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ пред кампањата добија поддршка, како на пример, да се разговара за менување на Преспанскиот договор, за промена на Преговарачката рамка, потенцираше Спасовски читајќи цитати од изјави на Мицкоски и претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве што кажува Мицкоски: „Преспанскиот договор не е завршена работа”. „Нема да употребам Северна никогаш”. “Мицкоски тврди дека има план за подобра Преговарачка рамка”. Ние сега очекуваме да видиме кој е планот за ова. И врз основа на тоа да изградиме заеднички став. Но да го видиме предлогот прво, додаде Спасовски.

-Дали продолжуваме по европскиот пат или има некоја алтернатива. Не само декларативно да се кажува дека се за ЕУ. Во време на опозиција ВМРО-ДПМНЕ немаше чекор,  сега како власт немаат ниту еден чекор мрднато во делот на евроинтеграциите. Изборите покажаа дека друга партија на овие прашања, никогаш Северна, рушење на Преспанскиот договор, промена на преговарачка рамка доби 58 пратеници, сега ние тој план го очекуваме, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски. 

Треба да знаете
Последни објави