Штипјанец е осомничен дека тргувал со оружје и распрскувачки материи, одземена му е ловечка пушка и патрони

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Р.(51) од с.Умлена, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во објект во атар на с.Умлена, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка калибар 12/70мм и ловечки патрони кои ги поседувал без дозвола.

Треба да знаете
Последни објави