Куп на Македонија: Работнички елиминиран,победи на Вардар,Шкендија и Шкупи

Фудбалерите на третолигашот Шкендија Арачиново го приредија најголемото изненадување во првата рунда од годинашното издание на националниот Куп на Македонија, откако денеска на домашен терен го шокираа Работнички со 2-0. Головите ги постигнаа Љупчо Трпески за водство на домашните од 1-0, а конечните 2-0 ги постави Алии во 85. минута.

Најтрофејниот клуб Вардар славеше со 0-2 на гостувањето кај Новаци. Шкупи победи со убедливи 0-8 на гостувањето кај Џепчиште, додека до лесни победи стигнаа и Брера против Вардар Неготино 0-4, Брегалница со Слободен 0-6, Jeни Маале – Шкендија 0-5 и Беса против Охрид 1-5.

Куп на Македонија 1/16 финале

Слободен – Брегалница 0-6

Кожуф – Арсими 0-2

Скопје – Пелистер 0-1

Борец – Детонит 0-1

Охрид Лихнидос – Беса 1-5

Џепиште – Шкупи 0-7

Вардар Н – Брера 0-4

Јени Мале – Шкендија 0-5

Новаци – Вардар 0-2

Карбинци – Силекс 1-4

Слога – Струга ТЛ

Натпреварите Победа – Гостивар, Башкими – Воска Спорт и Беласица – Македонија Ѓ.П се закажани 2 откомври, додека Тиквеш е слободен.

Треба да знаете
Последни објави