Приведени лица што предизвикале пожар во Кучково

Во скопското село Кучково вчера во 16.00 часот униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства.

Од МВР денеска соопштија дека нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави