Град Скопје: Екипите на ППЕ на Град Скопје со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, велат во соопштение од Град Скопје.

„Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација.

На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните“, стои во соопштението од Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави