Полицијата трага по двајца малолетници од Скопје

Двајца штитеници од Јавни установи за згрижување на деца од вчера се исчезнати и по нив трага полицијата.

Вчера во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.

Исто така во 13.15 часот во Полициската станица Центар, од установа за згрижување на деца на подрачје на општина Центар било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка В.Б.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете малолетни лица.

Треба да знаете
Последни објави