Примопредавање на донација од Турција за Армијата во касарната „Илинден“

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска, во 10:30 часот, ќе се изврши примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на Армијата.

На настанот свое обраќање ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.

Турската донација се состои од дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема.

Треба да знаете
Последни објави