Ова беше причината за енергетскиот прекин за десетици илјади луѓе

Полицијата синоќа вршеше увид додека речиси цел Аеродром беше без струја поради невремето. Десетици згради висококатници немаа струја, лифтовите беа исклучени. Причина за енергетскиот прекин за десетици илјади луѓе беше поради овој паднат далновод кој е урнат од силниот ветар.

Семафорите беа исклучени, пешаците едвај поминуваа низ гужвата автомобили. Лошо беше и во соседна Гази Баба. Кров од лим падна од зграда, а десетици стебла беа искорнати или искршени. Неколку паднаа врз автомобили.

Треба да знаете
Последни објави