Skip to main content
Македонија

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен

16/12/2024  10:35

Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци. Еден од сведоците требаше да биде Гоце Трајковски, но тој останува недостапен за органите на прогонот.

Трајковски не бил на адресата која му е во лична карта, и нема направено ажурирање на адресата, соопштија од ОБвинителството.

Имено, Обвинителството претходно брифираше дека Трајковски е во бегство, откако е осуден за друго кривично дело – опожарување на кафуле во Кисела Вода, за кое ТВ21 пишуваше пред неколку дена.

Денеска покрај Трајковски, треба да сведочат Елвис Ибрахим и Тодорче Георгиевски.