Бројките не лажат: Ова е најлошата сезона на Роналдо во последните 10 години

Кристијано Роналдо минатото лето пристигна од Реал Мадрид во Јувентус како големо засилување и иако може да се каже дека Португалецот ги оправда вложените средства на торинскиот клуб, сепак тој статистички зад себе има слабан сезона.

Роналдо и Јувентус ја освоија шампионската титула во Серија А, но беа елиминирани во четврт-финалето од Лигата на шампионите и Купот на Италија.

Со оглед на стандардите кои што Португалецот ги постави во изминатите сезони, може да се каже дека ова беше сезона за заборав. Роналдо на 43 одиграни натпревари оваа сезона постигна 28 погодоци што е убедливо најлош негов резултат во последните 10 години.

Во текот на своите девет години во Реал Мадрид, тој никогаш не постигнал помалку од 30 погодоци, а најмалку постигнал во својата дебитантска сезона – 33. После првата сезона на „Сантијаго Бернабеу“, Роналдо никогаш не постигнал помалку од 42 погодоци по сезона, а најмногу постигна во 2014/2015 кога стигна до бројката од 61 гол.

Роналдо оваа сезона заврши на четвртото место на листата со најдобри стрелци во Серија А со 21 гол, а на првото место се најде 36-годишниот Фабио Кваљарела кој постигна 26 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави