Принцот Хари и Меган работат на спиноф-серија за „Нетфликс“

Војводата и војвотката од Сасекс работат на спиноф-серијата „Големи очекувања“ (Great Expectations) за „Нетфликс“.

Двојката потпиша договор од 100 милиони долари со стриминг-гигантот кога се откажаа од кралските должности за да се преселат во Калифорнија пред три години.

Иако нивниот договор досега резултира само во документарна серија „Хари плус Меган“ и уште една документарна серија „Живеј за да водиш“ (Live to Lead), во план се и други потфати.

Live to Lead претстави дел од личностите што направиле најголеми промени во светот, меѓу кои и Грета Тунберг, Џасинда Ардерн и Глорија Стајнем. Во серијата војводата и војвотката од Сасекс прават интервјуа со овие личности.

Според „Волстрит џурнал“, компанијата „Арчивел“ на принцот Хари и Меган ја создава серијата „Лоши манири“ (Bad Manners), претпродолжение базирано на класичен лик на Чарлс Дикенс – госпоѓица Хавишем – но осамената стара мома овој пат е замислена како силна жена, која живее во патријархално општество. Серијата допрва треба да добие зелено светло.

Документарната серија на Хари за игрите „Инвиктус“ (Invictis Games) е исто така при крај. Анимираната детска серија на Меган, Pearl, беше откажана минатиот мај, а на парот исто така му беа поништени голем број други предлози.

Треба да знаете
Последни објави