Skip to main content
Македонија

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен

24/11/2026  21:53

Новинарите во Македонија лесно се соочуваат со обвинувања дека се политички или финансиски поврзани кога јавно изнесуваат ставови што не им одговараат на одредени структури, оцени новинарот и колумнист Ерол Шакири во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„Ако ти изнесеш едно мислење, а не се совпаѓа со мислењето на одредена структура, веднаш си посочен со прст дека си платен од другата“, истакна Шакири.

Тој посочи дека во јавноста лесно се пласираат обвинувања дека некој новинар е „на нечија листа“ или дека работи во интерес на одредена политичка структура.