Романските проевропски партии, вклучително и Социјалдемократската партија (ПСД), Национал-либералната партија (ПНЛ), Унијата за спас на Романија (ССР), Унгарската демократска унија на Романија (УДМР) и Пратеничката група на Националните малцинства рекоа дека се посветени на заедничка владина програма и поддршка за евентуален заеднички кандидат за претседателските избори.
„Денеска проевропските формации ПСД, ПНЛ, УСР, УДМР и Пратеничката група на националните малцинства објавуваат дека се цврсто посветени на формирање на проевропско мнозинство во романскиот парламент, проевропска влада и поддршка за можен заеднички проевропски кандидат за претседателските избори“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се наведува и дека во наредните денови четирите партии и претставниците на националните малцинства ќе работат на заедничка програма заснована на развој и реформи.