Skip to main content
Македонија

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

24/11/2026  21:46

Новинарот и колумнист Ерол Шакири се приклучува на тимот на 4ТВ како нов водител на емисијата „Ноќно студио“. Своето прво издание ќе го води во среда, 25 ноември, во 20 часот, а со гостите ќе разговара за актуелни општествени и политички теми.

Во вечерашното гостување во „Ноќно студио“, Шакири зборуваше за предизвиците на новинарската професија, одговорноста кон јавноста и важноста на прашањата што новинарите им ги поставуваат на соговорниците.

Тој истакна дека основната обврска на новинарите е да ја бараат вистината и да им ја пренесуваат на граѓаните, без оглед на тоа колку е тешко да се дојде до неа.

Шакири најави дека ќе продолжи да пишува колумни и дека личните ставови што ги изнесува во нив ќе ги одвои од својата улога на телевизиски водител.