Skip to main content
Македонија

Богдановиќ со обвинувања до СДСМ поради критиките за српскиот културен центар и инвестициите

24/11/2026  21:30

Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го обвини раководството на СДСМ дека води антисрпска кампања. Тој како примери ги посочи критиките за српските инвестиции, српскиот културен центар и политичките односи со Србија.

Богдановиќ рече дека српската заедница во Македонија, како и другите етнички заедници, има право на простор во кој ќе ги промовира својата култура, историја и традиција.

Критиките кон приватниот капитал и инвестициите од Србија тој ги оцени како израз на анимозитет. Според него, таквиот однос предизвикува незадоволство и кај дел од членството на СДСМ.

Богдановиќ ја поврза одлуката за формирање на СДЛ со потребата да се посвети на прашања за кои, како што оцени, постојните партии не покажуваат доволен интерес.