Skip to main content
Свет

Два напада врз танкери во близина на Оман

21/11/2026  14:21

Танкер што пловел кон излезот од Ормуската Теснина бил погоден од проектил во задниот дел на бродот, на околу 11 наутички милји северно од оманскиот град Хасаб, соопшти денеска Британската поморска трговска организација (УКМТО).

Во инцидентите нема повредени, а се уште не е познат степенот на можно загадување на животната средина, соопшти УКМТО.

Инцидентите уследија по сличен напад на танкер во близина на Хасаб во петокот, кој предизвика пожар на бродот, според британската агенција за поморска безбедност.

Хасаб се наоѓа на полуостровот Мусандам во Оман, на влезот во Теснината, стратешки важен морски премин низ кој поминувала речиси една петтина од светските резерви на сурова нафта пред нападите на САД и Израел врз Иран.

Поморскиот сообраќај низ Тесниата беше во прекин откако Иран, по избувнувањето на конфликтот на 28 февруари, презеде мерки за затворање.