Skip to main content
Хроника

Двајца родители пријавиле наставник за физички напад врз ученици во Скопје

20/11/2026  17:33

Двајца родители пријавиле во полиција дека наставник физички ги нападнал нивните малолетни синови за време на турнир во мал фудбал во спортска сала на основно училиште во скопски Чаир.

Според Министерството за внатрешни работи, В.Р. (47) и Е.Љ. (44), двајцата од Скопје, го пријавиле случајот на 19 ноември во 23 часот во СВР Скопје.

Во пријавата навеле дека нивните синови биле физички нападнати од нивниот наставник А.Н. додека траел турнирот.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.