Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.М.(50), вработен во Казнено – поправната установа Затвор Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“.
МВР информира дека на 02.03.2024 година, пријавениот, кој бил работно ангажиран, со непријавување на бегство на осуденото лице, му овозможил да излезе од затворот и слободно да се движи и престојува во својот дом во Струга.