
Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на неколку избирачки места за време на денешните вонредни парламентарни избори.
Тој порача дека на граѓаните мора да им се овозможи непречено да го остварат своето демократско право на глас, во мирна и безбедна средина.
Фон Бекерат ги повика сите учесници во изборниот процес да останат смирени, да постапуваат одговорно и да се воздржат од насилство и провокации.

Воедно, тој побара надлежните институции да ја гарантираат безбедноста на сите учесници во изборниот процес. Неговиот апел следува по пријавите за насилни инциденти на повеќе гласачки места.

