Skip to main content
Свет

Во Санкт Петербург средба Путин – Ли

21/10/2026  18:48

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Санкт Петербург  се сретна со премиерот на Кина, Ли Кечијанг.

Путин истакна дека односите помеѓу Русија и Кина се развиваат успешно и динамично.

На средбата Путин – Ли присуствуваа и високи претставници на двете страни.

Во меѓувреме Кремљ соопшти дека е можна трилатерална средба помеѓу Путин, американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Шји Џинпинг на форумот на АПЕК, што следниот месец ќе се одржи во Кина.