
На 20.10.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, М.Б.(38) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.



