
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Санкт Петербург се сретна со премиерот на Кина, Ли Кечијанг.
Путин истакна дека односите помеѓу Русија и Кина се развиваат успешно и динамично.
На средбата Путин – Ли присуствуваа и високи претставници на двете страни.
Во меѓувреме Кремљ соопшти дека е можна трилатерална средба помеѓу Путин, американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Шји Џинпинг на форумот на АПЕК, што следниот месец ќе се одржи во Кина.

